Воспитување

Видео: Татко ја снимил емотивната прва средба со ќерката

Розали Мари го замолила својот сопруг Џејк да ја сними неговата прва средба со нивната ќерка. Розали морала да ја роди својата ќерка со царски рез, а на Џејк не му било дозволено да биде во операционата сала со неа. Затоа тој нетрпеливо чекал, а кога медицинските сестри ја донеле неговата ќерка, тој бил преплавен од емоции и почнал да плаче од радост.

Видеото стана вирално за само еден ден со речиси шест милиони прегледи, а она што особено ги воодушевило корисниците на „Тик-ток“ било прашањето на Џејк: „Дали мојата сопруга е добро?“ Кога дознал дека сè е во ред со неговата сопруга, успеал повторно да го сврти вниманието кон малото бебе кое едвај чекале да го видат.

Прекрасното и емотивно видео добило илјадници позитивни коментари.

Извор

Поврзани написи

To top