Воспитување

Видео: Стјуардеса со прекрасен гест смирила расплакано бебе

Стјуардеса од авиокомпанијата „Саутвест“ неодамна покажала дека е обучена за секоја ситуација – од турбуленции до бебиња што плачат.

Џесика Нелсон на „Тик-ток“ ја споделила приказната за тоа како нејзиното бебе, среде неговиот прв авионски лет, почнало неутешно да плаче. Таа почнала да паничи бидејќи не сакала нејзиното дете да ги вознемирува другите патници, но потоа влегла стјуардесата да ѝ помогне.

-Ѝ благодарам на стјуардесата која го зеде моето расплакано бебе в раце и го шеташе низ авионот. Таа заслужува покачување на платата – напишала Нелсон.

Многумина се согласиле со мајката и го пофалиле гестот на стјуардесата.

Нејзиниот работодавец одлучил да ја награди вработената за овој гест. Ја номинирале за наградата „Херои по срце“, која им се доделува на најдобрите работници.

Извор

Поврзани написи

To top