Воспитување

Видео со 3,9 милиони прегледи: Го покажала стомакот два дена по породувањето

Секоја жена што поминала низ бременост и породување многу добро знае како се менува нејзиното тело. Тиктокерката Мелиса Десм објавила видео во кое покажала како се променило нејзиното тело по еден месец од породувањето.

„Моето тело можеше да прави неверојатни работи, но ќе излажам ако кажам дека ми е удобно во телото по породувањето. И тоа е во ред. Во ред е да го сакате вашето тело пред бременоста. Отсекогаш сум била љубопитна да видам како се менуваат телата на жените по породувањето. Ова е моето“, напишала таа под видеото, кое за кратко време станало вирално и моментално има речиси четири милиони прегледи.

Watch on TikTok

Нејзиниот реалистичен приказ на женското тело по бременоста ги воодушевил нејзините следбеници на социјалните мрежи, кои имаат само коментари за поддршка.

„Ви благодариме за ова, денес интернетот е полн со оние совршени мајки и нивните рамни стомаци речиси веднаш по породувањето, иако многу добро знаеме дека тоа е многу редок феномен. Секоја мајка треба да го види ова за да знае што да очекува“, е само еден од тие коментари.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top