Воспитување

Видео: Слаткиот гест на овој дедо е совршен пример за почитување на границите

Има нешто навистина освежувачко и полно со надеж во приказната во чиј фокус е еден дедо од постарата генерација кој слуша, учи и ги почитува границите на своите деца и нивните деца. Трејси Елис споделила слатка анегдота за нејзиниот татко која сега станува вирална.

Во видеото Елис објаснува дека кога нејзиниот татко Ден доаѓа да ги посети своите внуци, тој обично носи некакво слатко задоволство. Таа продолжила да објаснува дека зачестеноста на носењето слатки е преголема за неа, па љубезно го замолила да се воздржи од носењето бонбони и чоколади при секоја посета.

– Секогаш кога татко ми ќе дојде кај нас, им носи слатки на моите деца, како бонбони и чоколади. Љубезно го замолив да ги ограничи слатките задоволства за децата да не се навикнуваат премногу на нив“, напишала таа во текстот на видеото.

Следниот клип покажува како нејзиниот татко се приспособил на нејзиното барање, почитувајќи ги нејзините граници.

Елис го пресекува видеото со тоа што ја вметнува снимката од влезната камера, каде што се гледа нејзиниот татко кој стои пред влезната врата со пакетчиња полни со малини и јагоди што ги држи в рака.

„Дедо ги почитува границите со тоа што сега носи бобинки. Го сакам поради ова“, напишала Елис во описот.

Watch on TikTok

Автор: Кејти Герити

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top