Мајка била изненадена од пакоста на синот, но мирно пристапила кон ситуацијата. Грејс Каж споделила видео на „Инстаграм“ во кое се гледа моментот кога нејзиниот син Кристијан одлучил да биде покреативен од кога било.
-Сѐ се случи толку брзо. Тој си играше со количките во дневната соба додека јас готвев и можев да го гледам цело време – изјавила таа.
Таа уживала во моментот на мир додека не влегол нејзиниот сопруг и останал без зборови. Кога го подигнала погледот, штетата веќе била направена – Кристијан ги „украсил“ белите каучи со црвен маркер. Црвената боја не завршила само на каучот, настрадало и кадифеното куче на сестрата на Кристијан.
Каж додала дека маркерите требало да се чуваат на безбедно, но малото дете сепак ги нашло и се забавувало.
-Мислам дека тој навистина мислеше оти ќе бидеме среќни поради него. Првото нешто што ми рече, со огромна насмевка на лицето, беше „Мамо, види – обоив сè!“ За малку ќе се онесвестев – објаснила мајката.
И покрај хаосот, таа останала мирна.
-Има само две години и едноставно не знаеше дека не смее да го прави тоа – објаснила таа.
-Разговаравме за тоа и сигурна сум дека нема да се повтори. Ги знам моите деца и знам дека викањето не помага. Да им се даде можност сами да исчистат и да учат од своите грешки – тоа е она што функционира – објаснила Каж, додавајќи дека со малку труд успеале да ги исчистат каучите.