Скајла Савана решила да го вклучи својот син во посебен момент од животот, оној во кој ќе дознае дека е повторно бремена. Оваа мајка направила тест за бременост, па нетрпеливо ги чекала резултатите со своето првородено дете и ја снимила неговата реакција на резултатот од тестот.
Кога тестот се покажал позитивен, Скајла и нејзиниот син не можеле да поверуваат. Нивната возбуда набрзо била заменета со солзи и прегратка. На многумина што го гледале видеото на „Тик-ток“ им се допаднало тоа што момчето е вклучено во целиот процес и дека неговата мајка сака тој да биде првиот што ќе дознае дека добива брат или сестра.
Watch on TikTok