Откривањето на полот на бебето е секогаш возбудлив настан за секое семејство – и за родителите и за децата. Сепак, реакцијата на едно девојче стана хит на социјалните мрежи откако дознало дека ќе има уште еден брат.
Имено, четиригодишната Виена веќе има двајца браќа, а откако слушнала дека ќе добие уште еден, не била премногу воодушевена. Нејзината мајка Анџела Холм решила да го сподели видеото на „Инстаграм“, а реакцијата на малото девојче брзо станала вирална. И додека момчињата се воодушевени кога дознаваат дека ќе добијат брат, Виена очигледно не го дели истото мислење.
„Момче е“, вели таа со тажен глас. „Сакав да биде девојче.“ Иако нејзината мајка се обидува да ја утеши на секакви начини, тоа не ѝ оди од рака, па симпатичните реакции на нејзината ќерка го освоија интернетот.
„Кажете ѝ дека еден ден ќе го наследи целиот семеен накит. Да видите колку брзо ќе се премисли” е само еден од многуте коментари под објавеното видео.