Шенон Фицџералд ги воодушевила корисниците на „Тик-ток“ со видеото од нејзината петгодишна ќерка Ерин Дороти. Имено, Шенон го замолила девојчето да го паркира нејзиниот розов детски автомобил, но не го очекувала она што го направило девојчето, односно начинот на кој го паркирала автомобилот.

Петгодишното дете ја изненадило мајка си со тоа што го паркирала својот детски автомобил до ѕидот од куќата, возејќи наназад, што изненадило милиони луѓе кои го погледнале видеото. Од објавувањето, ова видео е прегледано повеќе од пет милиони пати на „Тик-ток“, а малата Ерин Дороти импресионирала многумина со своите вештини на толку рана возраст.

@fitzfamily

Ok 🔥

♬ Back It up and Dump It (Dump Truck) – GC Eternal & Kinfolk Thugs & TYME BOMB

„Има само пет години, а веќе вози како вистински професионалец“, „Подобро вози во рикверц од мене“, „Сега чекаме видео во кое паралелно паркира“, „Дали може да ме научи да возам? Изгледа дека знае што прави“, се дел од коментарите под видеото.

Извор



912

X