Видеоснимката од бебе кое внимателно ја слуша мајка си додека му пее, а мелодијата изгледа дека многу го погодила бидејќи има и солзи во очите, ги разнежи луѓето низ светот.
Десетмесечното девојче внимателно ја слуша мајка си како ѝ ја пее песната на Сара Еванс „Моето срце не може да ти каже не“, во која се зборува за несреќна и невозвратена љубов, па изгледа како бебето навистина да ги разбира зборовите од песната – и не само тоа, туку и многу го погодуваат.
Погледнете го видеото кое сигурно ќе ве разнежи и трогне, па можеби и вам, како и на емотивното бебе, ќе ви се насолзат очите: