Игротека

Видео: Реакција на девојче кое првпат го гледа својот брат стана хит на интернет

Откако нејзината мајка родила момче два месеци пред терминот, девојчето Камила (6) го запознала својот брат сосема неподготвена.

Во 32. недела од бременоста Дајмонд-Ли Ферер итно била пренесена во болница поради одвојување на плацентата. Еден ден подоцна, на 1 септември, таа родила машко дете. Камила дошла да ја посети мајка си, но не знаела дека веќе се породила.

„На првиот училиштен ден баба ѝ ја зеде и ја донесе да ме посети. Бев на одделот за неонатална интензивна нега. Кога влезе, беше збунета бидејќи ме виде со бебето, а не знаеше кое е тоа бебе“, се потсетила мајката на моментот.

Малото девојче било преплавено од емоции и се расплакало. Трогателниот момент бил снимен на камера и гордата мајка го објавила на „Тик-ток“. Видеото можете да го погледнете подолу.

Watch on TikTok

Извор

Поврзани написи

To top