Првите „разговори“ со децата знаат да бидат смешни, а еден таков пример е разговор помеѓу Кам и неговата едногодишна ќерка Ади. Кам и неговата сопруга на социјалните мрежи споделуваат видеа од нивниот живот, а откако се роди Ади, таа стана важен дел од нивната содржина на интернет.
На видеото објавено пред неколку дена може да се види урнебесниот „разговор“ меѓу Кам и Ади, што многумина би го опишале како викање.