Кара Вудхаус неодамна му дала на својот син лимон и, како и многу мајки на малечки деца, ја споделила неговата реакција на социјалните мрежи. Поради неговата учтивост, момчето станало вирално за само неколку дена.

„Дали сакаш лимон?“, го прашува Кара синот, кој се вртка покрај неа во кујната. Тој љубопитно го гледа плодот во нејзината рака и го зема насмеан и ѝ се заблагодарува. Каса мал залак и ѝ вели на мајка си: „Ох, ми се допаѓа!“

Широка насмевка се шири на лицето на момчето и тој загризува поголем залак, но брзо сфаќа дека згрешил. Прави гримаси и се тресе како одговор на ненадејниот „удар“ од киселиот вкус.

„Не ми се допаѓа“, вели тивко вториот пат и ѝ го враќа лимонот на мајка си. Видеото можете да го погледнете подолу.

@karawoodhouse0 Trying a lemon #lemon #ilikeit #idontlikeit #fyp ♬ I like it – Kara woodhouse

Извор



912

X