„Вечерњи лист“ од Хрватска објави урнебесно видео во кое новинар прашува младо момче за џудо, спортот со кој се занимава, па тоа почнува да раскажува: „Прво се запишав, па се отпишав, па пак се запишав и потоа повторно…“

На таквиот збунувачки одговор, новинарот му вели: „Па, ти постојано се запишуваш и отпишуваш од џудо…“ Но, момчето решително вели дека тоа го правел кога имал 3 години, па 7 години, а сега е решен да продолжи да се занимава со џудо.

Додава и дека го сака џудото затоа што е соло спорт, но и дека ги сака и тимските спортови. Упатува пофални зборови и за тренерката по џудо, која како што вели му го објаснува сето она што не го знае. Погледнете го смешното видео во продолжение.



912

X