Еден од најемотивните моменти во животот на едно семејство е кога детето првпат ќе го запознае своето новородено братче или сестриче. Родителите често се плашат од реакцијата на децата, но тој драгоцен момент може да стане бесценет спомен.
Еден таков посебен момент сподели една мајка на нејзиниот инстаграм-профил веднаш по породувањето. На видеото се гледа реакцијата на нејзиното постаро дете Стиви Кејт по средбата со помалата сестра во болница.
Стиви Кејт била возбудена поради средбата и со себе понела кадифена играчка. Само што влегла во собата и ги видела мајката и бебето, се насмевнала.
912