Тик-токерката Кетрин била воодушевена од трогателното збогување што ѝ го приредиле учениците и вработените на нејзината мајка, во гимназијата каде што работела 50 години. Таа го сподели емотивното видео на „Тик-ток“ и трогна многумина.


На видеото се гледа како нејзината мајка се симнува по скалите и оди низ ходникот кон излезот, додека учениците гласно ѝ аплаудираат и на тој начин ѝ покажуваат благодарност за сѐ што ги научила.

Кетрин рекла дека нејзината мајка се вработила на 22-годишна возраст како професорка по англиски јазик. Работела половина век, а снимката е направена еден ден пред нејзиното пензионирање.

@katherineinmanhattan Wholesome teacher content ?❤️ love you mom!!!! #teachersoftiktok #teacherappreciation #mymom ♬ Cornfield Chase – Dorian Marko

Извор



912

X