Добро е познато дека децата можат да се поврзат со различни животни, а во случајот со слаткото девојче Алис, тоа се кокошките. Нејзината мајка Марија Годинез на својот профил на „Инстаграм“ споделила слатко видео на кое малото девојче не само што ги гушка своите две кокошки, туку и им пее.
И покрај тоа што во нејзината песна Алис само повторува „пио, пио, пио“, тоа звучи како слатка мелодија што таа им ја посветува на своите миленици. Ова не бил единствениот пат кога Марија ја нашла својата ќерка во близина на кокошките – малата Алис често поминува време со нив во семејниот двор.
Симпатичното видео станало вирално, а толку вистинско и слатко пријателство меѓу децата и животните одамна не сме виделе. Погледнете ја сцената подолу.
912