Лорен Кертис ја споделила трогателната прва средба на нејзината баба и нејзината ќерка, која е стара само неколку дена, на „Тик-ток“. Брачниот пар го донел малото девојче кај 96-годишната баба во домот за стари лица, а таа не можела ни да замисли какво изненадување ѝ приредуваат.
Старицата не можела да поверува што се случува и била шокирана од глетката. Во еден момент таа вели:
-Простете, ова е вистински шок – цело време гледајќи во малото девојче.
Трогателната снимка за три дена била прегледана 2,8 милиони пати, а многумина биле трогнати од сцената бидејќи се сетиле дека самите немале можност да ги запознаат своите баби и дедовци со децата.
„Ова видео е за сите нас што ја немавме оваа можност“.