Во видео објавено минатиот месец, Дестини Ен споделила како комуницира со својата ќерка кога се однесува лошо.
„Не користам тајмаут. Ова е пример за тајм ин. Фи ги фрлаше маркерите на својата сестра, но не ја испратив на пауза (тајмаут), туку отидовме заедно да се смириме (тајм ин)“.
Во текот на целото видео Ен ја држела својата ќерка, која ја повторувала секоја фраза што мајка ѝ ја изговарала. „Ова е мојата уста“, ѝ реков на ќерка ми. „Јас ја контролирам мојата уста. Ова се моите раце. Јас ги контролирам моите раце. Ова е моето тело. Јас го контролирам моето тело“.
Кога нејзината ќерка конечно ќе се смири, Ен користи други облици на дисциплина согласно возраста, што вклучува песнички или приказни.