Воспитување

Видео: „Поважно ми е да играм со децата отколку да чистам“

Брајана Џејмс, мајка на четири деца на возраст под 7 години, споделила видео од нејзината трпезарија и кујна кои биле во голем неред.

Во натписот таа коментирала: „Лошо е, знам“ и, на нејзино изненадување, видеото привлече повеќе луѓе отколку оние видеа каде што е уредено. Имено, за осум месеци од тогаш, собрала повеќе од 5 милиони прегледи.

Нередот станал нејзин стил за правење видеа и го приспособила нејзиното корисничко име на „Тик-ток“, согласно тоа – „themessymama4“ (неуреднамајка4).

Коментарите се многубројни, а на луѓето им олеснило бидејќи на сите им се случува истото. „Ова е утешително, сосема нормално.“

Watch on TikTok

Џејмс дури за „Добро утро Америка“ изјавила дека не бега од сопствениот хаос на социјалните мрежи, туку тоа некако ѝ ја олеснува целата ситуација. „Сакам луѓето што можеби не се во моја кожа да сфатат дека на некој начин тоа е нормално, нередот е секојдневие во семејството, тоа треба да се прифати. Сакам да им покажам на луѓето на кои исто така им се случува ова дека не се сами“ – изјавила 31-годишната мајка.

„Се трудам да бидам искрена и реална и да покажам дека е во ред и да се фокусирам на себе и на здравјето. Ќе ги оставам садовите малку и наместо тоа ќе си играм со децата, нередот може да почека“, рекла мајката и додала дека се труди да ги балансира чистењето и времето поминато со децата.

Watch on TikTok

Таа всушност чисти по малку секој ден, но еден дел е секогаш неуреден, признала Џејмс. „Тоа е комбинација од уредно и неуредно, една од собите секогаш ќе биде неуредна“, искрено рекла таа.

Автор: Дубравка Прпиќ Знаор

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top