Зборовите можат да уништат, но можат да бидат и алатка за создавање, поттикнување и мотивирање.
За ова тврдење сведочи видео кое многу често се споделува на социјалните мрежи, а се однесува на легендарниот научник и гениј Томас Едисон.
Во видеото, момчето Томас Едисон доаѓа дома од училиште и на својата мајка ѝ дава писмо од наставничката.
Мајката го отвора писмото, го чита и одговара на неговото прашање за што е писмото:
– Наставничката напиша дека си премногу интелигентен за нивното училиште и дека морам да ти обезбедам соодветно образование за максимално да го искористиш твојот потенцијал – му вели таа на Едисон.
Таа продолжила да го школува дома, а подоцна му обезбедила и соодветно образование. Ова е особено важно имајќи предвид дека е познат факт дека Томас Едисон денес се смета за еден од најпознатите научници во светот.
По смртта на неговата мајка, Едисон, кој веќе бил возрасно момче, отишол дома и ги средувал нејзините работи. Во еден момент го видел писмото од наставничката, па го отворил и го прочитал:
„Вашиот син има ментално нарушување. Не може повеќе да се школува кај нас. Преземете ја одговорноста и обезбедете му соодветно образование“.
912