Мајк Хес е татко на 9-месечниот Фин, палаво бебе кое сака да лази околу мачките додека јадат. За да го спречи да го направи тоа, Мајк смислил интересен начин, а неговата постапка насмеа милиони луѓе кои го погледнаа неговото видео на „Инстаграм“.
Имено, Мајк седи на подот од дневната соба додека Фин лази до него. Секојпат кога Фин се приближува до мачките кои јадат во другата соба, Мајк го фаќа за панталоните и го влече назад. Сепак, Фин е упорен и се враќа.