Игротека

Видео: Погледнете ја реакцијата на овој дедо кога внукот кажува дека сака да биде пожарникар кога ќе порасне

Врската помеѓу бабите и дедовците и нивните внуци е навистина посебна и емотивна, а видеото кое стана вирално на социјалните мрежи е само доказ плус што го потврдува тој факт.

Всушност, интернет-корисниците беа трогнати од видео споделено од Емили Лален. Нејзиниот син беше меѓу децата кои пред своите семејства зборуваа за тоа што сакаат да бидат кога ќе пораснат и зошто сакаат да се занимаваат со таа професија.

Она што го кажува нејзиниот син беше емотивно за нејзиниот татко, а причината ги трогна сите што го погледнаа видеото.

Момчето во својот краток говор откри дека сака да биде пожарникар.

– Кога ќе пораснам, сакам да бидам пожарникар бидејќи дедо ми бил пожарникар, а тој е најдобриот дедо досега – вели момчето.

Одговорот на момчето предизвика емотивна реакција кај дедото, а иако се бореше да не заплаче, сепак солзите му се тркалаа по лицето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top