Игротека

Видео: Погледнете ја реакцијата на ова девојче кога ќе ја види сестрата близначка на мајка си

Видео во кое малото девојче Амаја ја гледа идентичната близначка на мајка си првпат по долго време и се обидува да разбере што се случува е вистински хит на социјалните мрежи.

Во видеото објавено на инстаграм-профилот на близначките Нунгши и Таши Малик, Амаја ја пречекува својата тетка Таши на аеродромот во Индија. Отпрвин е видно збунета – ја гледа тетка си, а потоа брзо ја гледа мајка си, обидувајќи се да ја најде разликата.

Близначките се смеат, а кога Амаја сфаќа дека пред неа не е нејзината мајка, туку нејзината тетка, таа ентузијастички ги пружа рацете за да ја прегрне. Таши брзо ја спушта чантата и двете конечно се прегрнуваат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top