Воспитување

Видео: Ова дете воодушевува со својата љубезност

Снимката од едно дете стана вирално на интернет бидејќи покажува дека малечкото зборува со некоја личност на најучтив можен начин додека бара таа да ја фрли кората од бананата што ја јаде. Споделено на „Инстаграм“, видеото е навистина задоволство за гледање.

Видеото е објавено од корисничката на „Инстаграм“, Кристина Вајс. На него се гледа едно од нејзините деца. Видеото почнува со момчето кое му се обраќа на лице што не се гледа во рамките на видеото да ги фрли корите од бананите.

„Можете ли да ми ги фрлите овие 2 парчиња во кантата за отпадоци, ве молам“, вели тој додека некому ги предава лушпите. „Тоа би било навистина од помош“, вели малечкиот.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top