Колку и да се трудат родителите, некои бебиња и деца едноставно не сакаат да слушаат детски рими и приспивни песни. Таков е случајот со ова бебе, кое повеќе сака да слуша рок-музика отколку приспивни песни.
Џејден Мекгру го снимила однесувањето на својата ќерка додека ја слушала песната на американската рок-група „Брејкинг Бенџамин“, како и нејзината реакција по исклучувањето на песната. На видеото се гледа како бебето мирно гледа во мајка си додека песната свири, а по неколку секунди откако песната престанала, малата почнала да прави гримаси и изгледа како да ќе заплаче.
@jadenandandy wild child #baby #newborn #parenting #parentlife #parentcomedy #rockmusic ♬ original sound – Jaden & Andy McGrew
Во еден од коментарите Џејден напишала дека нејзината ќерка може да слуша приспивни песни, но тие не ѝ се омилени и повеќе сака погласна музика.
912