Игротека

Видео од постара жена и девојче кои танцуваат и се смеат ќе ви го разубави денот

Долго време се зборува за тоа колку е корисно и за децата и за постарите да се дружат, а во САД веќе се спроведуваат програми од градинки и училишта во соработка со домовите за стари лица. Така, децата имаат можност да се дружат со постари луѓе, а тоа е во нивна заедничка корист. Покрај разни работилници и можности за дружење, понекогаш едноставно разговараат.

И додека некои веднаш ќе сфатат колку е прекрасна оваа дружба, некои сигурно ќе се запрашаат која е поентата на ваквото дружење. Сепак, секој што има барем малку сомнеж задолжително мора да го погледне ова видео. Видеото споделено од Елизабет Шмит во кое нејзината ќерка Џози и една постара жена се дружат, се смеат и танцуваат ќе ве трогне.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top