Една мајка ја воодушеви интернет-заедницата со кратко видео на кое се прикажани нејзините новородени близнаци како плачат синхронизирано, во совршена хармонија, како да вежбале дует.
Видеото, објавено на „Тик-ток“, собра повеќе од четири милиони прегледи, а ги прикажува близначињата кои истовремено испуштаат речиси идентични звуци, со исти паузи помеѓу нивното плачење.
И додека многу родители во тој момент би се чувствувале очајно, оваа мајка вели дека тоа ѝ е омилен момент.
– Всушност, еден од моите омилени моменти. Дали мислите дека тоа значи дека се идентични – напиша таа под видеото.
Watch on TikTok
912