Новогодишните и божиќните празници се време на дружење, споделување подароци, заеднички оброци, но и песни.
Овој талентиран човек има неверојатна вештина – жонглирајќи со топки може да отсвири божиќна песна. Имено, користејќи неколку тениски топки, тој удира по клавишите на синтисајзерот и создава позната мелодија. Сигурно за оваа изведба му било потребно многу вежбање, со што покажува колку е посветен и на жонглирањето и на музиката.