Игротека

Видео: Необично пријателство меѓу момче и верверичка

Децата ги обожаваат животните и сакаат да си играат со нив, а нивни најчести пријатели се кучињата и мачките. Но, детето што ќе го видите во следното видео си игра со верверичка.

На необичното пријателство реагираат сите околу него, кои не можат да поверуваат како успеал да дофати верверичка.

Детето едноставно одговара: „Ја најдов“.

Верверичката стои мирно во неговите раце, а неговите најблиски го овековечиле овој интересен момент со видео.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top