На децата им е многу забавно кога им нудите активности кои подразбираат самите да изработат нешто. Во следното видео погледнете на кој начин да изработите застрашувачки отпечатоци од рака.
Потребни материјали:
-1 лажица сода бикарбона
-1/2 чаша топла вода
-Гел за дезинфекција на раце
-Куркума
-2 чаши
-Четки за боја со фини врвови
Метод за изработка:
-Растворете 1 лажица сода бикарбона во 1/2 чаша топла вода.
-Во втората чаша измешајте средство за дезинфекција на рацете (испумпајте 3-4 пати) и куркума.
-Потопете ја раката во мешавината од сода бикарбона и вода и испечатете ја на хартија.
-Оставете да се исуши.
-Насликајте го вашиот отпечаток употребувајќи ја мешавината од средството за дезинфекција на раце и куркума.
912