Игротека

Видео на кое внукот му ја дава на дедо си својата бејзбол-топка ги освои срцата на многумина

Врската помеѓу дедото и внукот е полна со љубов и наклонетост. Таков е и случајот меѓу малиот Феликс и неговиот дедо Брус. Видеото на кое се гледа како момчето му ја дава својата бејзбол-топка е прекрасно, а зборовите полни со љубов што потоа му ги упатува ќе ви предизвикаат солзи во очите.

Видеото беше објавено на „Инстаграм“ од мајката на Феликс.

Момчето оди до својот дедо, насмеан од уво до уво, кажувајќи му за неговиот успех на натпреварот.

– Ти ја потпишав топката и напишав: „Дедо, те сакам“ – вели внучето, а дедото со растреперен глас го прашува зошто го направил тоа.

– Затоа што ме научи сè за бејзболот – му вели неговиот внук.

Овој момент на наклонетост меѓу дедо и внук ги освои срцата на многумина за кратко време, собрајќи над половина милион прегледи.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top