Игротека

Видео: Му рекла на синот дека мора да дремне за да може подоцна да игра – погледнете што направил тој

Брит Рае снимила симпатичен момент со нејзиниот син кој навистина сакал да си игра. Таа му рекла дека може да го направи тоа откако ќе поспие малку, па тој помислил да ја измами мајка си за да го добие она што го сака.

Слаткото момче само малку се потпира на перниците додека сè уште ја гледа мајка си, испуштајќи звуци како да спие. Неговото однесување ја насмеало Брит, но и многу корисници на „Тик-ток“ кои го гледале видеото на платформата. Ова видео станало вирално на „Тик-ток“ за само еден ден и моментално има повеќе од 13 милиони прегледи.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top