Воспитување

Видео: Му открила на својот брат дека е бремена – неговата реакција ќе ве трогне

Ешлин Хенкс споделила трогателно видео на „Тик-ток“ во кое покажува како му открила на својот брат дека е бремена. Таа и нејзиниот брат отсекогаш биле многу блиски, па Ешлин сакала да го направи посебен моментот кога тој ќе дознае дека ќе биде вујко.

Во кутија за чевли, Ешлин ставила бебешко боди, тест за бременост и писмо што му го напишала на својот брат, а на првата страница пишувало „Здраво, вујче“. Потоа, во просторијата каде што биле членовите на нивното семејство, му ја дала кутијата и ја снимила неговата реакција. Штом нејзиниот брат ја отворил кутијата и ја видел внатрешноста, знаел што се случува и не го криел задоволството.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top