Игротека

Видео: Му открила на сопругот дека ќе стане татко по 5. пат – неговата реакција ќе ве насмее

Татко кој наскоро ќе добие петто дете насмеал илјадници луѓе на мрежата „Тик-ток“. Неговата сопруга Емили одлучила да го сокрие позитивниот тест за бременост во нивниот кревет. Потоа го повикала во собата и му рекла да погледне под книгата на креветот. Одлучила сето тоа да го сними со скриена камера.

– О не, дали е вистински? – ја прашува, па почнува да погледнува во потрага по камера, надевајќи се дека се работи за шега. Се оддалечува од креветот со рацете покривајќи го лицето, а потоа ја прашува жената: „Чие е? Каде ќе го ставиме?“

Потоа ја прегрнува сопругата и ѝ вели: „Те сакам со целото мое срце!“

Емили во описот на видеото открила дека нејзиниот сопруг истовремено бил и среќен и шокиран.

Целото видео може да го погледнете во продолжение, сигурно ќе се насмеете.

Watch on TikTok

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top