Игротека

Видео: Маж ѝ отстапува место на девојка што носи бебе во метро – погледнете што се случува следно

Секој ден наидуваме на вирални видеа споделувани од луѓе на сите социјални мрежи – некои од нив смешни, а некои не. Сепак, следното видео ќе ве насмее.

Често гледаме луѓе кои патуваат во автобуси и метроа и им ги отстапуваат своите седишта на постари луѓе или лица со инвалидитет, бремени жени или, пак, жени кои имаат деца во скутот. Видеото што ќе го видите претставува слична ситуација, но со пресврт. На снимката се гледа човек во метро кој станува и ѝ понудува седиште на девојка која стои пред него и со себе како да носи дете свиткано во црно ќебе.

Девојката среќно ја прифаќа понудата и седнува на седиштето. Мажот претпоставува дека таа носи малечко бебе во рацете. Сепак, во следниот момент се случува нешто смешно.

Девојката седнува и го одвиткува ќебето. Кога момчето ја погледнува, се шокира кога ќе види дека девојката во рацете држи кадифено мајмунче, а не дете.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top