Игротека

Видео: Мало момче застанало пред голем звучник – погледнете ја неговата реакција

Шантел Латимер споделила на „Тик-ток“ ситуација што ја доживеала со нејзиниот син во продавница. Имено, нејзиниот син се заинтересирал за големите звучници, но не знаел колку се гласни кога ги вклучиле.

Момчето застанало пред еден од овие звучници, а Шантел решила да ја сними неговата реакција кога звучникот ќе се вклучи. По неколку секунди, од звучниците се слушнале првите зборови од познатата песна на Џејмс Браун, „I feel good“, а момчето се исплашило од вревата и истрчало кон мајка си.

Откако било објавено на популарната платформа, видеото е прегледано речиси три милиони пати, а на многумина целата сцена им се допадна.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top