Луис Дејвис споделил видео на „Инстаграм“ во кое се гледа моментот кога неговата ќерка сфаќа дека почнува нејзината омилена песна – Dancing Queen од популарната поп група АББА.
Во објавата, тој открил дека девојчето толку многу ја сака групата, што нејзиното семејство го користи бендот како начин да ја најде кога девојчето не е во својата соба.
Во видеото Дејвис ја барал својата ќерка и смислил начин како да ѝ го привлече нејзиното внимание. Сè што требало да направи е да ја пушти нејзината омилена песна и малото девојче се појавува за неколку секунди. Нејзината реакција е навистина ентузијастичка. Не само што долетува во собата, туку и од воодушевување почнува да вреска, да скока и да танцува.
912