Игротека

Видео: Мало дете ужива додека јаде

Австралијката Мејв е мајка на шестмесечно момче кое често го објавува на својот профил на „Тик-ток“. Мејв споделува видеа од различни ситуации во нејзиниот живот, а сега споделила и како изгледа нејзиниот шестмесечен син кога јаде сам.

Малечкото момче ужива во секој залак и воопшто не му е грижа што има намачкано храна по целото лице и по рацете. Ништо од тоа не го спречува да ужива во својот оброк, а Мејв сето тоа го снимила и решила да го сподели со следбениците. Преслаткото видео досега е прегледано повеќе од три милиони пати, а момчето со своето однесување насмеало многумина.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top