Реакцијата на девојчето Рајли кое првпат јасно може да ја види својата мајка стана вирална и расплака многу корисници на „Тик-тТок“. Видеото објавено на профилот „@elderberrysultan“ имало повеќе од 15 милиони прегледи и трогнало многумина.
Рајли ги добила своите први очила и тоа ѝ го променило целиот свет. „Забележавме дека сите ги нарекува мама и тато бидејќи не може да препознае лица“, објасниле родителите на девојчето во видеото. Но, штом ги ставила очилата, Рајли широко се насмевнала, јасно давајќи до знаење дека знае кои се нејзините мајка и татко.
„Како се врти околу себе и гледа сè… Како се смее… Буквално ми се насолзија очите“, коментирала некоја личност под видеото. „Ова е магичен момент и добар потсетник за сите што сè земаат здраво за готово“, „Постојано се навраќам и го гледам видеово и секојпат ме расплакува. Таа е прекрасна, чиста душа“, се нижат убавите коментари.