Работите што ги оптоваруваат возрасните веројатно може да ги оптоварат и децата. Најдобар пример за тоа е чистењето. Од една страна, родителите сакаат собите на нивните деца да бидат чисти најмалку 24 часа на ден, а од друга страна, ова е вештина на која треба да ги научиме децата.
Мајката Сара Олшер објавила видео со совети за тоа како да им се објасни на децата од каде да почнат.
-Кога ги учиме децата како да поделат голема задача, како чистење соба, на помали делови, тогаш мораме тој процес да го направиме забавен – рекла таа.
На децата им купила таканаречен список со задачи, кој го чува на фрижидерот. Списокот вклучува вадење ѓубре, ставање валкана облека во корпа, носење садови во мијалник, ставање играчки во кутии и книги на полици. Таа им објаснила на децата дека пред играњето мора да проверат дали завршиле со она што е на списокот.
@mightyandbrightco sometimes we forget that we have to teach kids how to do things because they do not come naturally. Room reset board from mighty and bright ##chores##parenting##kidsmentalhealth##mightyandbright ♬ original sound – Mighty and Bright
-Ова неизмерно ни помогна. Првите неколку пати можеби ќе треба да поминете низ задачите со нив, но штом ќе го сфатат тоа, тие точно ќе знаат што да прават – потенцирала Олшер.
Учењето на децата на основните вештини, на пример, како да ја исчистат својата соба, е нешто што ќе им користи во текот на нивниот живот.
912