Воспитување

Видео: Мајка и ќерка смислиле креативен начин за комуникација

Колку е голема поврзаноста помеѓу мајката и детето, ќе видите во следното видео.

Малата Гвен не зборува, па мајката пронаоѓа начини како да комуницира со своето дете и ги споделува на интернет.

Иако малечката Гвен не може да зборува, таа храбро и упорно се труди да комуницира со својата мајка, особено за секојдневните потреби. Употребуваат картички на кои се нацртани зеленчуци и овошје со цел малечката да ѝ покаже на својата мајка што би сакала да консумира. Мајката ѝ нуди опции, а Гвен често негодува кога понудените опции не ѝ се допаѓаат. Во домот има копче кое Гвен го притиска секојпат кога сака да изврши нужда.

Се разбира дека и децата што не можат да зборуваат, односно преку зборови да ги изразат своите емоции, ги користат плачењето, смеењето или извикувањето одредени звуци за да комуницираат со родителите и околината. Иако ова е огромен предизвик за родителите, сепак, изнаоѓањето начини за комуникација драстично го подобрува квалитетот на животот на овие деца – како што се, на пример, креативните картички кои мајката Сара ги користи во комуникацијата со ќерка си. Погледнете како тоа изгледа:

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top