Воспитување

Видео: Мајка го тера синот да направи 12 илјади чекори дневно ако сака да игра игри во викенд

Ако сака да игра игри во викендите, мора да прави 12.000 чекори дневно.

Мајката на едно момче објавила видео на „Тик-ток“ во кое тоа трча на патеката обидувајќи се да ја постигне својата секојдневна цел. „12.000 чекори на ден за да заработите играње игри во викенд“, напишала таа на видеото.

Таа објаснила дека не го тера синот секој ден да трча на лента, но дека мора да биде активен. „Моите деца можат да го постигнат поставениот број чекори како што сакаат. Исто така, ако не сакаат да играат игри, не мора. Тие можат да направат свој избор. Син ми ме праша дали може да ја користи лентата откако ќе завршам јас со трчање. Како професорка по физичко, можам да ви кажам дека немате поим колку се нездрави децата“, рекла таа.

Други веруваат дека позитивно е тоа што момчето ги користи сите достапни средства за да направи 12.000 чекори дневно. „Во секој случај, за пофалба е што се движи. Нека трча каде и кога сака.“

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top