Пријателствата меѓу животните и децата се секогаш посебни, особено ако имаат можност да растат заедно. Таков е случајот со синот на мајката Џулиен Стенфорд, кој расте со семејното куче, пресладок златен ретривер. Џулиен успеала да сними еден од нивните преслатки заеднички моменти и го споделила видеото на „Тик-ток“, каде што глетката измамила насмевка на лицата на многумина што го гледале.
Малиот Тревор лежи на килимот меѓу каучите во дневната соба, а околу него се движи слатко кученце. Слаткото момче не престанува да се смее додека кученцето оди покрај него и врз него, а звукот од неговата искрена смеа предизвикува насмевка и на лицата на многу луѓе. Видеото станало популарно на платформата и досега има повеќе од десет милиони прегледи. Погледнете го слаткиот момент подолу.