Воспитување

Видео: Корејско семејство споделило преубава традиција за децата што полнат една година

Секоја земја има своја традиција, а Корејците сакаат да знаат што им предодредила судбината на нивните деца. Затоа за првиот роденден на детето ставаат пред него шест предмети, а тој што ќе го избере детето открива која е неговата судбина.

Едно семејство одлучило на „Тик-ток“ да покаже како изгледа тој посебен момент. Тие го облекле својот син Хадсон во ханбок – традиционална корејска облека и го пуштиле да оди кон предметите – мала кошаркарска топка, пари, книга, стетоскоп, микроскоп, маркер. Хадсон го зема микроскопот и го става в уста.

„Науката ќе биде неговата судбина“, гласи описот на видеото кое собра 1,4 милион лајкови. Корисници од целиот свет споделувале и за традициите во нивните земји.

„И во Бугарија го правиме истото, но кога детето ги прави првите чекори“, „Исто е и во Романија“, „Ние во Турција го правиме тоа кога ќе му изникне првиот заб на бебето, не знаев дека другите земји ја негуваат оваа традиција“, напишале тие во коментарите.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top