Игротека

Видео: Комична реакција на расплакано бебе на најслушаната песна на годината

Корисниците на „Тик-ток“ беа воодушевени од видеото на мало девојче кое престанува да плаче штом ќе ги слушне првите стихови на една популарна песна.

Имено, на видеото споделено од Ана, мајката на малото девојче, се гледа моментот кој воодушеви многумина. На видеото, девојчето почнува да плаче, а нејзината мајка почнува да ги пее првите стихови од песната „Espresso“ од пејачката Сабрина Карпентер. Во моментот кога малото девојче ги слуша првите тактови од песната, престанува да плаче, а на нејзиното лице се појавува насмевка.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top