Воспитување

Видео: Кога татковците стануваат навивач(к)и – започнало како шега, но настапот го виделе повеќе од 2 милиони луѓе

Ако постојат некои воннаставни активности, некои спортови кои се претежно или речиси исклучиво женски, тогаш навивачките се меѓу нив. И без предрасуди, без огорченост, без никакви приговори – тоа е едноставно претежно женски спорт. И кога зборуваме за детската верзија, а особено за возрасните кои се занимаваат со оваа активност. Но тоа не е правило.

Тоа го докажале група татковци. Имено, татковците на цела навивачка екипа од Мериленд, САД, решиле да ги изненадат своите девојчиња и да подготват кореографија слична на нивната. Луѓето им велеле дека нема шанси да направат високи скокови. Но тие биле упорни. И го сториле тоа, уште во далечната 2019 година.

Но, сега татковците повторно настапиле на натпреварот „Cheer and Dance Extreme“, а видеото од нивниот настап станало вирално и го виделе повеќе од 2 милиони луѓе на „Инстаграм“. Мажите, меѓу кои има полицајци, пожарникари, механичари – изведуваат скокови, кревања, каскадерски движења, синхронизирани танцови движења и слично, потези кои сме навикнати да ги гледаме за време на настапите на навивачките.

Коста Мицурас, еден од татковците, зборувал за ова искуство и рекол дека ги покануваат и другите татковци да им се придружат, истакнувајќи дека особено ги ценат помладите и полесни волонтери бидејќи можат да ги фрлат во воздух.

Сè започнало кога родителите биле поканети на натпревари за да покажат што знаат, а Коста речиси секогаш бил оној по кого публиката полудувала. Тогаш помислил да формира тим и не му било тешко да ги вклучи и другите татковци.

– Веројатно им е најтешко на нашите тренери бидејќи половина од времето се шегуваме – рекол Коста.

Но, нивната цел е јасна – тие сакаат да бидат вклучени родители и сакаат да ги воодушеват своите деца.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top