Малите дечиња обожаваат да се смеат со своите родители, а често знаат и да им прават местенки.
Во видеото што ќе го видите во продолжение двете деца наредиле пластични чаши пред влезната врата од домот, за кога ќе се врати од работа нивниот татко, да ја отвори вратата и да ги сруши чашите. Сепак, таткото се враќа порано од работа и ја гледа „замката“ која му ја поставиле децата, а истовремено го пречекува и неговата сопруга. Заедно се договараат дека таткото ќе се однесува како да не знае и нема да им го расипе ќефот на дечињата.
Тој ја затвора вратата, а мајката оди да ги повика и да им навести дека тој влегува во куќата. Нивната реакција е преслатка – насмеани од едно до друго уво, убедени се дека успеале во намерата, што им носи огромно задоволство. А задоволни се и родителите, чие срце се полни кога ги гледаат насмевките на своите најмили.
912