Игротека

Видео: Кога мама ќе рече „не“ – реакцијата на ова малечко девојче насмеа многумина

Мајката Мејси Вудсон споделила видео на „Тик-ток“ во кое се прикажува реакцијата на нејзината ќерка кога таа ѝ вели „не“. Преслаткото девојче не сака да го слуша овој збор, а секојпат ја има истата реакција.

Во објавеното видео, Мејси ѝ кажува на ќерка си: „не, не“ и речиси веднаш нејзиниот поглед и расположение се менуваат. Малечката прави гримаси и звучи незадоволно. Се вознемирува за само неколку секунди и сака да се расплаче, но Мејси ѝ вели дека само се шегува.

„Колку веднаш се растажи, слатко!“, „Преслатка е, но ве молам немојте повторно да се шегувате вака со неа“, се дел од коментарите.

Извор

Поврзани написи

To top