Сигурно ви се случило да се мачите да го поставите седиштето за вашето дете во автомобилот. Во видео на „Тик-ток“ мајка демонстрира едноставен трик за да се осигурите дека седиштето за автомобил за вашето дете е добро прицврстено и е безбедно. Во видеото е Џони, мајка која е и техничар за безбедност на деца при патување со национален сертификат, па објаснува како се прицврстува седиштето во автомобилот на најдобар можен начин.
Видеото добило огромно внимание од корисниците, а Џони покажува колку разлабавени може да бидат автоседиштата, дури и ако сте ги наместиле соодветно и сте ги стегнале појасите посилно. Таа покажува како навистина да се постапи за седиштето да му биде удобно и безбедно на детето. Трикот е: користете ги колената за да го притиснете седиштето доволно, а потоа поместете ја горната површина и низ неа повлечете го каишот од седиштето – на тој начин седиштето ќе биде доволно прицврстено, а вие ќе имате повеќе простор да се движите и да го поставите детето во него, а самото дете ќе биде побезбедно. Таа советува додека го правите тоа, да проверувате колку седиштето е прицврстено во неговата основа.
Илјадници мајки коментирале и ѝ се заблагодариле на Џони за експертизата. Детално ќе согледате како треба да постапите во нејзиното видео.
Автор: Касандра Стоун
912