Никнувањето на забите најчесто е непријатно искуство за бебето, но и за родителите. Меѓутоа, една снаодлива мајка нашла начин да ја врати насмевката на лицето на нејзината ќерка. Во вирално видео на „Тик-ток“, Кристина Кинг се обидела да го смири девојчето давајќи му да џвака млад кромид. За среќа, трикот успеал.
Малото девојче сè уште има солзи во очите, но се смирува штом ќе го проба кромидот.
@kristinakking worked better than everything else weve tried 🫠 she loved it! #babytiktok #teethingbaby #momhacks #foryou ♬ original sound – Kristina King
Во интервју, педијатриската диететичарка Грејс Шеј истакнала дека кромидот е добар за децата што наполниле шест месеци, а секако и за постарите деца.
-Кромидот е преполн со хранливи материи кои се добри за бебињата, како влакна и пребиотици – рекла таа.
Накратко, се смета дека благите природни сокови од зелениот кромид можат да ги смират непцата на бебето за време на фазата на никнување на забите.
Трикот на мајката воодушевил многумина, а видеото собрало 11,6 милиони прегледи.
912